DIGITSOFT® TICKETS

Платформа за онлајн продажба на билети со централна база, локални каси и брза валидација на влез.


ШТО Е DIGITSOFT® TICKETS?

DIGITSOFT® TICKETS е комплетно наше решение за онлајн продажба на билети, развиено како централен систем кој комуницира со локални апликации на продажните места (кино сали, билетарници, пунктови) преку централна база.

Системот е во продуктивна употреба од самиот старт на Kinoverzum и овозможува сигурна продажба, контрола и преглед на сите трансакции – онлајн и на лице место.

По извршена онлајн купопродажба, системот автоматски доставува карта и фактура на e-mail, со избрани седишта и целосни детали за настанот – без рачна интервенција.


КАКО ФУНКЦИОНИРА?

  • Онлајн продажба: корисникот купува билет, избира седиште (каде што има нумерација) и автоматски добива карта (QR/баркод) + фактура на e-mail, со сите детали за настанот.
  • Локална продажба: во салите се користат локални апликации за продажба и печатење билети (касa/пункт).
  • Централна синхронизација: сите продажби се евидентираат во централната база – единствен увид и контрола.
  • Валидација на влез: на влез се користи паметен уред за брзо скенирање и проверка на билетот.

ОСНОВНА ЛИЦЕНЦА – DIGITSOFT® TICKETS

Основната лиценца ги покрива клучните функции за продажба и контрола на билети.

  • Веб платформа за продажба: преглед на настани/проекции, избор на термин и купување билет
  • Електронски билети + фактури по e-mail: автоматско генерирање и испорака на карта (QR/баркод) и фактура по купување
  • Избор на седишта: резервација и евиденција на избран број на седишта, со детали за настанот/проекцијата
  • Локална продажба: апликација за билетарница/касa (по конфигурација)
  • Валидација на билети: проверка на влез со скенирање (QR/баркод)
  • Централна база и прегледи: единствена евиденција за сите продажби и активности
  • Извештаи и статистика: продажби по настан/термин/период, валидации и анализи

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ (ОПЦИОНАЛНО)

Во зависност од дејноста и обемот на работа, системот може да се надгради со:

  • Повеќе продажни места: дополнителни каси/пунктови и корисници (по потреба)
  • Повеќе локации / сали: централизирано управување со повеќе објекти
  • Фискална наплата (каде е потребно): интеграција со фискални уреди преку локалната апликација
  • Cloud / VPN пристап: далечински увид, поврзување и поддршка
  • Автоматски backup и архивирање

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?

Иако решението е развиено и докажано во кино индустријата, истиот концепт може да се примени и во други дејности каде што се продаваат билети/влезници, како настани, театри, фестивали, спортски натпревари, музеи, тури и слично.


ПОГЛЕДНИ ЈА ПЛАТФОРМАТА ВО РАБОТА

Можете да ја видите платформата во реална употреба на: tickets.kinoverzum.mk


ИНТЕГРАЦИЈА И СТАРТ

Почетната конфигурација и стартот се вклучени (освен ако е потребна лична посета и поставување на лице место). Системот се конфигурира според типот на настани, број на пунктови и начин на продажба.


КАКО СЕ ФОРМИРА ЦЕНАТА?

Цената се формира врз основа на активната лиценца и активните опции/модули (број на продажни места, корисници, локации и сл.). Плаќате само за функционалностите што реално ги користите.


ПОБАРАЈ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Контактирајте нè за презентација и препорака за конфигурација на DIGITSOFT® TICKETS според вашиот објект/настан и начин на работа.



Контактирај не

Ние во Дигит нудиме исклучителна услуга, исто таква каква што и самите би сакале да искусиме.

Адреса

Сутјеска бр.48/4, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk