ШТО Е DIGITSOFT® TAF?
DIGITSOFT® TAF е професионален софтвер наменет за транспортни компании (со едно или повеќе возила),
кој овозможува прегледно и систематско водење на целокупното работење:
тури и налози, документи, комитенти, трошоци, возила и возачи, гориво, потсетници, плати и аналитики.
Системот е развиен според реални потреби од терен и се надградува по модуларен принцип – се активираат само
функционалностите што ви се потребни.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ?
- транспортни компании со едно или повеќе возила
- домашен и меѓународен транспорт
- автопревозници со потреба од евиденција на трошоци, гориво и сервиси
- фирми што сакаат подобра контрола на документи, наплата и статистика
ОСНОВНА ЛИЦЕНЦА – DIGITSOFT® TAF
Основната лиценца обезбедува стабилна основа за секојдневна работа и организација на транспорт.
- Тури и налози: евиденција на релации, товарења/истоварења, статуси и прегледи
- Документи за транспорт: креирање и архива на документи како CMR, налози, патни налози, товарни листови и слично (по ваша форма/шаблон)
- Комитенти: купувачи/добавувачи, адреси, услови и брз преглед по партнер
- Фактурирање: издавање фактури и поврзани документи (по конфигурација според вашиот начин на работа)
- Возила и возачи: евиденција на возен парк, приколки, возачи и основни податоци
- Трошоци и сервиси: евиденција на трошоци по возило/возач/тура и историја на сервиси
- Гориво: внес и следење на потрошувачка по возило/возач (по потреба), споредби и анализа
- Исплата / пресметка за возачи: евиденција и пресметки според вашите правила (фиксно, по тура, дневници и сл.)
- Потсетници: регистрација, технички преглед, осигурување, документи за возачи и други рокови
- Извештаи и анализа: прегледи по возило, возач, период, комитент, тура, трошок и сл.
ДОПОЛНИТЕЛНИ МОДУЛИ (ОПЦИОНАЛНО)
DIGITSOFT® TAF се надградува со модули според обемот и начинот на работа. Се активираат само оние што ви се потребни.
- Напредна евиденција на трошоци: детални категории, аналитики и споредби по возило/возач/тура
- Напредна логика за гориво: интерни пумпи, внесови, просечна потрошувачка и контрола
- Сервисен модул (SV): сервиси, работни налози, историја и потсетници (по возило)
- Дигитално потпишување + испорака по e-mail (Token): потпис на документи и праќање со 1 клик
-
Картички (120/220) – Долгови и побарувања:
евиденција на салда по комитент (купувач/добавувач), отворени ставки, рокови и извештаи.
Со дополнителен апдејт: импорт и книжење на банкарски изводи (каде е применливо).
- Cloud / VPN пристап: пристап и работа од далечина, поврзување на повеќе локации
- Автоматски backup/архива: резервни копии по распоред и сигурна архива
- Повеќе корисници и работни позиции: организација по улоги/пристапи (по потреба)
ИНТЕГРАЦИЈА И СТАРТ
Почетната конфигурација и стартот на системот се вклучени во лиценцата и не се наплаќаат дополнително,
освен доколку е потребна лична посета и поставување во објект.
КАКО СЕ ФОРМИРА ЦЕНАТА?
Цената се формира врз основа на активната лиценца и активните модули.
Плаќате само за функционалностите што реално ги користите.
ПОБАРАЈ ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Контактирајте нè за кратка презентација и препорака за конфигурација на DIGITSOFT® TAF
според вашиот обем на работа (едно или повеќе возила, домашен/меѓународен транспорт).