DIGITSOFT® POS

Софтвер за малопродажба со фискална каса – брза продажба, јасни извештаи и целосен преглед на работењето.



Што е DIGITSOFT® POS?

DIGITSOFT® POS е систем за продажба преку компјутер со поддршка за фискални уреди. Наместо рачно внесување артикли и сложени промени преку фискална каса, сите активности се извршуваат преку програмата – побрзо, полесно и со помалку грешки.

За кого е наменет?

  • маркети и мини маркети
  • продавници за техника, бутик, книжари, аптеки и специјализирани продавници
  • објекти со една или повеќе наплатни точки
  • малопродажни објекти кои сакаат извештаи, контрола и работа во мрежа

Основна лиценца – DIGITSOFT® POS

Основната лиценца е наменета за малопродажба со фискална каса и претставува стабилна основа за секојдневна работа.

Основната лиценца вклучува:
  • работа преку компјутер со фискални уреди, баркод читачи и термални принтери
  • брза продажба и затворање сметки со повеќе типови наплата (готовина, картичка, интерно…)
  • влез и излез на пари во каса + контроли
  • контролен и дневен финансиски извештај
  • лесен внес и измена на артикли, групи и цени
  • вкрстени извештаи за промет по артикли, корисници, групи и тип на наплата
  • права по корисник (администратор / продавач)
  • зачувување извештаи во PDF / Excel / Word

Опционално: автоматско испраќање дневен извештај по e-mail до сопственик/менаџмент (доколку користите интернет).


Дополнителни модули (опционално)

DIGITSOFT® POS се надградува со модули кои се активираат според потребите на објектот. Модулите се дел од активната лиценца и се наплаќаат само доколку се вклучени.

  • Продажба на правни лица (фактурирање) – издавање фактури/испратници/понуди, печатење и архивирање.
  • Дигитално потпишување + испорака по e-mail (Token) – потпишување PDF документи со дигитален сертификат и автоматско праќање до клиент со 1 клик, со архива и евиденција.
  • Интеграција со e-ceni.mk – автоматска синхронизација на артикли и цени (внес/корекција во програм → ажурирање на e-ceni.mk).
  • Материјално / магацин (за големо и/или мало) – приемници, испратници, попис, материјални картици, анализи и извештаи (за објекти што имаат магацинско работење).
  • Производство / Рецептури (PROD) – норми, производство и автоматско раздолжување
  • Картички (120/220) – Долгови и побарувања – салда по купувач/добавувач, отворени ставки, рокови и извештаи. Со дополнителен апдејт: импорт и книжење на банкарски изводи (каде е применливо).
  • Back Office – анализа на профит – извештаи од аспект на разлика во цена и профит, по групи, добавувачи, продавачи…
  • Декларации / етикети – печатење налепници и етикети + забрзана продажба со баркод.
  • Работа во мрежа – повеќе наплатни точки, централизирана база и контроли (според лиценца/конфигурација).
  • Cloud / VPN – пристап до системот од далечина и работа/увид според договор.
  • Поврзување со финансиско работење (DIGITSOFT® SMETKO) – автоматизации кон FI/главна книга и книги (по потреба).
  • Сервисни налози (услужни дејности) – модул за сервис/работни налози (компјутерски сервис, мобилари, автосервис…).
  • Сигурносни копии – автоматски backup на база по распоред (дневно/неделно…).

Интеграција и старт

Почетната конфигурација и интеграција се вклучени во лиценцата и не се наплаќаат дополнително, освен во случаи кога е потребна лична посета и поставување во објект.


Како се формира цената?

Цената се формира врз основа на активната лиценца и модулите што се користат. Секој објект добива конфигурација според реалните потреби (број на наплатни точки, начин на работа, потребни модули, работа во мрежа, cloud/VPN и сл.).


Побарај презентација

Контактирајте нè за кратка презентација и препорака за конфигурација според вашиот објект.

Контактирај не

Ние во Дигит нудиме исклучителна услуга, исто таква каква што и самите би сакале да искусиме.

Адреса

Сутјеска бр.48/4, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk