Што е DIGITSOFT® CLUB?
DIGITSOFT® CLUB е професионален софтвер за угостителски објекти, развиен за реална работа:
брза и прецизна наплата, јасна организација на нарачките и целосен преглед на работењето.
Системот е стабилна основа која се надградува според начинот на работа на секој објект.
За кого е наменет?
DIGITSOFT® CLUB е наменет за:
- кафулиња и кафе-барови
- ресторани, пицерии и сендвичари
- пекари и слаткарници
- take-away и објекти со голем проток на гости
eMenu – дигитално бесконтактно мени
DIGITSOFT® CLUB може да се синхронизира со eMenu.mk.
Додавањата, исправките и промените на цени ги правите еднаш, а менито е достапно насекаде.
Основна лиценца – DIGITSOFT® CLUB
Основната лиценца е наменета за угостителски објекти кои работат со фискална каса
и претставува стабилна основа за секојдневно работење.
- работа со маси и нарачки
- внес и преглед на нарачки по келнер
- печатење нарачки за кујна и/или шанк
- повеќе работни позиции и корисници
- поддршка за фискални уреди
- извештаи за промет и продажба
- следење на работа на вработени (важни настани/логови)
- работа во мрежа (повеќе точки/уреди)
Напомена: Основната лиценца функционално покрива стандардни потреби за угостителство, а напредните опции се активираат по потреба.
Дополнителни модули (опционално)
Модулите се избираат според типот на објект (класично услужно, take-away, брза услуга, голем проток) и се активираат во рамки на лиценцата.
CLUB KDS (Кујнски дисплеј)
Приказ на нарачки по секција (кујна/шанка), побрза подготовка и помалку грешки.
- потврда/статуси на нарачки
- организација по секција
- преглед на оптоварување и време
CLUB DISPLAY (Повик за подготвени нарачки)
Идеално за take-away и голем проток: клиентот добива тикет со број и чека на ред.
- кога нарачката е готова, бројот се прикажува на дисплеј
- се избегнува гужва пред каса по наплата
- подобро корисничко искуство и организација
CLUB Mobile Manager (менаџер/сопственик)
Апликација за брз увид и контрола на работењето.
- промет и статистики
- дневни/неделни прегледи
- известувања и статус во реално време
CLUB Order (PDA/Tablet)
Внес на нарачки преку мобилен/таблет директно на маса – келнерот не се враќа до компјутер.
- побрза услуга и помалку грешки
- работа по маси/келнери
- опционално печатење за кујна/шанка
Производство / Рецептури (PROD)
Норми, рецептури и автоматско раздолжување – применливо во ресторани, пекари и објекти со производство.
- нормативи по артикал
- автоматско раздолжување по продажба
- пресметки и контрола на потрошувачка
Cloud / VPN пристап
Пристап и преглед од далечина, според договор и потреби.
- далечински увид
- безбедна конекција
- подобра контрола кога не сте во објект
Интеграција со eMenu
QR мени, лесно ажурирање и повеќе јазици (опционално).
- синхронизација на артикли и цени
- ажурирање еднаш – достапно насекаде
- подобро искуство за гости
Повеќе печатни позиции / принтери
Повеќе кујни/шанкови, мрежни принтери и различни конфигурации по продажна точка.
- зони за печатење
- различни правила по позиција
- организација за поголеми објекти
Интеграција со финансии (FI)
Автоматизација и поврзување со DIGITSOFT® FI (книжења) – доколку се обезбеди лиценца.
- подготовка/автоматизација на книжења
- полесно сметководство
- подобра следливост
Интеграција и старт
Почетната конфигурација и стартната интеграција се вклучени и не се наплаќаат дополнително,
освен во случаи кога е потребна лична посета и поставување во објект.
Како се формира цената?
Цената се формира врз основа на активната лиценца и активните модули.
Плаќате само за тоа што го користите, според договорената конфигурација.
Зошто DIGITSOFT® CLUB?
- 18 години искуство и развој на софтверски решенија
- стабилен и проверен систем во реални објекти
- модуларен пристап – раст и надградба кога ќе ви треба
- локална поддршка и брза реакција
ГАЛЕРИЈА