ШТО Е DIGITSOFT® MA?
DIGITSOFT® MA е решение за материјално и магацинско работење, наменето за фирми кои
не вршат малопродажба преку фискална каса.
Најчесто го користат сметководствени бироа, магацини и големопродажни компании, како и фирми кои водат
интерна евиденција на залихи и документи.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ?
- сметководствени бироа
- магацини и големопродажни фирми
- дистрибутери и компании со интерни лагери
- фирми со потреба од документи и контрола на залихи (без каса)
ОСНОВНА ЛИЦЕНЦА – DIGITSOFT® MA
Основната лиценца овозможува целосна евиденција и контрола на материјалното работење.
- Евиденција на артикли, групи и подгрупи
- Работа со еден или повеќе магацини
- Приемници, испратници и требувања
- Калкулации и следење на набавни цени
- Следење на залихи и состојби
- Извештаи и аналитики
ДОПОЛНИТЕЛНИ МОДУЛИ (ОПЦИОНАЛНО)
DIGITSOFT® MA работи по модуларен принцип. Се активираат само модулите кои се потребни за начинот на работа.
- Производство / Рецептури (PROD) – норми, производство и автоматско раздолжување
- Картички (120/220) – Долгови и побарувања – салда по купувач/добавувач, отворени ставки, рокови и извештаи.
Со дополнителен апдејт: импорт и книжење на банкарски изводи.
- Интеграција со главна книга (FI)
- Пресметка на плата (LD)
- Дигитално потпишување документи + испорака по e-mail (Token)
- Cloud / VPN пристап – пристап и работа од далечина
- Автоматски backup и архивирање
- Повеќе корисници и работни позиции
ИНТЕГРАЦИЈА И СТАРТ
Почетната конфигурација и стартот на системот се вклучени во лиценцата и не се наплаќаат дополнително.
Лична посета и поставување во објект се наплаќаат само доколку се потребни.
КАКО СЕ ФОРМИРА ЦЕНАТА?
Цената се формира врз основа на активната лиценца и активните модули.
Секој клиент добива конфигурација според реалните потреби.
ПРЕПОРАКА
Доколку ви е потребна и малопродажба со фискална каса, препорачуваме DIGITSOFT® MAPOS
(магацин + каса, големо и мало во еден систем).
ПОБАРАЈ ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Контактирајте нè за кратка презентација и препорака за конфигурација на DIGITSOFT® MA.